Манифестацијата „Вкуси ја Гази Баба – Вкус за сите генерации“ ќе се одржи утре, 25 октомври, на плоштадот во Автокоманда, од 15 до 23 часот. Настанот кој се реализира
втора година по ред, ќе го отвори градоначалникот на општина Гази Баба,
Борис Георгиевски.
Од Општината велат дека целта на настанот е компаниите кои се на територија на општината да ги изложат своите производи и да се доближат до граѓаните. Најавено е дека готвачот Марк Де Јонг заедно со уште неколку негови колеги ќе подготвуваат храна.
Настанот ќе биде со богата музичка програма која ќе почне со Dj Боби од Сити радио, по кој ќе следуваат настапи на Златно Славејче, Екстра бенд, Александар Митевски и Драган Спасов Дац, Влатко Лозаноски и Брас брадрс.