Инфантино: Клупскиот мундијал со 24 екипи ќе биде празник за фудбалот

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино откако утрово објави дека е донесена одлука од 2021 година да стартува Светско клупско првенство со 24 тима, на кое домаќин на ваквиот премиерен собир ќе биде Кина, појасни што ќе добие со овој потег најважната споредна работа на светото.

-Ова ќе биде спектакл, празник за фудбалот. Најдобрите клубови во светото ќе се борат за трофејот. од 2021 година ќе имаме прво и вистинско светско клупско првенство – порача Инфантино.

На оваа тема челниците во ФИФА долго време преговараа. Некои клубови и федерации беа против ваквиот формат со 24 екипи, но ФИФА беше решителна во реализација на својата идеја. Така, во 2019 и 2020 година ќе се задржи постоечкиот формат, додека новиот ќе стартува во 2021 година со што бројот на учесници ќе биде значително зголемен.

Европа ќе има најмалку осум претставници во новиот формат на клупското Светско првенство. Тука ќе се најдат екипите кои во последните четири години победиле во Лигата на шампионите и Лига Европа, а не се исклучува можноста ФИФА да подели неколку „вајлд-карти“ на европските гиганти кои ќе бидат заинтересирани за настап на клупските Мундијали.

Треба да знаете
Последни објави