Македонски каратист освои бронзен медал на јуниорското СП

Бојан Костов се закити со бронзен медал на Светското првенство во карате за кадети, јуниори и младинци, кое се одржува во Сантијаго во Чиле.

Костов до одличјето дојде до пласманот во полуфиналето во својата категорија за каратисти до 52 килограми во кое загуби, и преку репасажот се избори за бронзата. Во клучната борба за медал, Костов беше подобар од Русинот Ахмедов.

Освен Костов, нашата земја во Чиле ја претставуваат и Фаик Весели, Доан Османи, Вероника Костовска, Ангела Мојсовска, Александар Неделковски и Владанка Аврамова. Тренери селектори им се Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини во кумите, а за кати тренер селектор е Ивана Аврамова. Вкупно 96 земји учествуваат на ова СП.

Треба да знаете
Последни објави