Најмалку девет загинати во пресметка меѓу криминални банди во Мексико

Тела на девет лица за кои се верува дека се членови на банди се пронајдени во јужниот дел на Мексико, во област каде што две криминални организации со години се борат на територија.

Осакатени тела на девет мажи биле пронајдени вчера на патот во Зитлали, во јужната мексиканска држава Гереро.

Зитлала се наоѓа во близина на Чилапа, каде криминалната група во Рохос се судира околу контрола врз територија со ривалската група позната како Ардиjос.

Државното обвинителство на Гереро соопшти дека убиените најверојатно биле членови на групата Рохос.

Инспекторите на местото на убиството пронајдоа патрони од автоматска пушка.

Треба да знаете
Последни објави