За првпат, после многу години овој регион кој не поврзува со ососедна Бугарија, односно со ЕУ, добива на значење и затоа упатувам благодарност до Владата и сите министри што го поддржаа градењето на патото Крива Паланка – Ранковце и Крива Паланка – Деве Баир. порача вечерва од Крива Паланка генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
– Се градат и ќе се градат многу локални и регионални патишта. Само за една година се изградија 17 километри регионални патишта, а многу од нив за првпат после 40 години. Ќе се гради нов кат на детската градинка, добивме ново амбулантно возило и нови апарати во болницата. Започнува изградба на нов систем за наводнување во Славишко поле, но има и инвестиции. Токму денеска е реализирана трансакцијата со која се купени халите во Псача и Гиновце ќе се подигнат капацитети кои ќе вработуваат луѓе и горди сме што успеавме да убедиме реномирани инвеститори да дојдат во нашиот крај. Верувајте, тоа е единстевиот пат за младите да ги задржиме овде, истакна Николовски.