Актуелниот македонски фудбалски првак Шкендија, на кого не му оди сезонава во одбранта на титулата, го обезбеди првото зимско засилување, иако преодниот рок е на почетокот од идната година, со потпишување на договор со Ардин Далку, поранешен играч од украинската Ворскла Полтава. Овој фудбалер три недели мина на тренинзите со Шкендија, а одигра и еден контролен натпревар, по што доби понуда да потпише договор со тетовските “црвено-црни“.
Далку во Ворскла беше од 2012 година каде што прво настапуваше за младинскиот погон, а од 2016 година беше член на првиот тим и одигра 60 натпревари. Со Ворскла имаше договор до јуни годинава. Во Шкендија доаѓа како слободен играч. Право за настап за тимот од Тетово ќе има во пролетниот дел од сезоната.