Американските власти мораат да ѝ го испорачаат на Турција командантот на Сириските демократски сили (СДФ), Мазлум Кобани, кога ќе влезе во САД, порача турскиот министер за правда, Абдулахамит Гул. Тој рече дека ќе побара американските власти да го уапсат Кобани веднаш по пристигнувањето.
Американски сенатори побараа од Стејт департментот брзо да обезбеди виза за генералот Кобани за да може да дојде во Америка за да разговара за Сирија. Анкара тврди дека тој е терорист поврзан со Курдистанската работничка партија (ПКК), која води вооружен бунт против Турција.