Брестовац одбра 19 ракометари за првиот грузизски-тест

По два тренинзи во комплетен состав, одработени во Скопје со 22 ракометари кои беа повикани за ЕХФ неделата, селекторот на машката репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, одбра 19 кадидати за првиот од двата тест-дуели со Грузија. Првиот натпреавр е вечерва од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а вториот в сабота од 16 часот. За двете средби вратитие за љубителите на ракометот ќе бидат отворени бесплатно.

Во изборот на Брестовац за вечерашниот натпревар се најдоа: Борко Ристовски, Мартин Томовски, Димитар Димитриоски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Мартин Поповски, Ненад Костески, Филип Талески, Филип Кузмановски, Дејан Кукуловски, Марко Мишевски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Мартин Велковски, Кирил Лазаров, Томислав Јагуриновски, Горан Крстевски, Жарко Пешевски, Филип Арсеновски.

Од 22 играчи кои тренираа во Скопје, нема да конкурираат за минутажа на првиот грузиски тест: Михаил Аларов, Михајло Младеновиќ и Марко Кизиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави