(Видео) Покрената истрага откако циркуска мечка го нападна својот дресер во Русија

Руските власти отворија кривична истрага откако циркуска мечка го нападнала и повредила својот дресер за време на настап во северна Русија.

Видео од нападот, што се случи вчера во Олонец, град 180 километри североисточно од Санкт Петербург, прикажува како мечката турка количка додека оди на задните нозе, а потоа го напаѓа дресерот, го гризе и го турка на подот.

Другиот дресер потоа повеќепати ја удира мечката, пренесе агенцијата АП.

Информативниот портал gazeta.ru пренесе изјава од сведок кој објаснил дека мечката потоа влетала во делот за публиката пред да биде запрена од струен удар.

Помеѓу циркуската сцена и гледалиштето немало заштитна ограда.

Новинската агенција „Интерфакс“ објави дека Истражниот комитет започнал кривична истрага за давање небезбедни услуги.

Треба да знаете
Последни објави