Викендов ќе бидат затворени автобуските постојки околу зградата на МРТ

Претстојниот викенд, 26 и 27 октомври, во периодот од 7 до 17 часот поради одржување на кружна авто трка пред МРТ, автобуските постојки во тој реон ќе бидат вон употреба, соопшти ЈСП.

Автобуските линии 12 и 73 наместо „Скопски саем-Т“, за крајна постојка ќе ја користат постојката „Бит пазар-Универзитет ‘Свети Кирил и Методиј‘“ (постојка на линија 57), а како почетна постојка ќе ја користат постојката „Бит пазар 5-ТЦ Мавровка“ (постојка на линија 2).

Треба да знаете
Последни објави