Министерот Нуредини оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ Која

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ во држвава, Клеменс Која, на која се разговарало за можностите за соработка помеѓу двете страни.

Како што соопштија од Министерстството за животна средина и просторно планирање, со оглед на растечкиот меѓународен тренд на препознавање на состојбата во животната средина како можни закани по безбедноста, мисијата на ОБСЕ во Скопје изразила волја и подготвеност за проширување на своето поле на работа и вклучување на активности од областа на животната средина во нивните идни проекти.

Треба да знаете
Последни објави