СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува да креира и имплементира мерки и политики кои носат придобивки за граѓаните.
Се професионализираат инситуциите и услугите, се намалуваат трошоците на граѓаните, на прав пат сме!
Една од мерките што Владата на Република Северна Македонија ги вети и ја исполни, е намалувањето на цените на услугите на Катастарот.
Оваа мерка значи намалување на трошоците на граѓаните и компаниите и овозможува побрзо, поефикасно и навремено обезбедување на услугите.
Во новите тарифници за услугите, за потенцирање е големото намалување на надоместоците кои изнесуваат и до 90 проценти.
Надоместокот за запишување на инфраструктурни објекти, е намален во просек за 90%.
При запишување на недвижности во Катастарот, цените се намалени во просек за 51%.
Надоместок за користење на податоците од Геодетско катастарскиот информа-ционен систем е намален во просек за 28%.
За запишувањата на правата по основa на доградби, надградби и легализирање на бесправно изградени објекти, предбележувањето и уписот на згради и други објекти надоместокот е намален за 20 отсто.
Намален е и надоместокот за промена на култура за 38%, за да се стимулираат земјоделците, да ги променат културите на земјиштето во имотните листи, за да се олесни процесот за добивање на субвенции.
Извршено е намалување од 90 проценти за објектите со волуменска зафатнина со што се стимулираат винарскиот сектор и мелничката индустрија да ги запишат големиот број на нерегистрирани силоси и резервоари.
Таму надоместокот беше 10 денари, а сега е еден денар за м3.
За 28 отсто се намалени услугите што ги нуди Катастарот за издавање податоци од геодетските планови како етажни скици и копии од катастарските аналогни планови
Укината е двојната наплата при повторното доставување пријава, ако претходната пријава за иста недвижност билa одбиена.
Преку конкретни мерки се намалуваат трошоците на граѓаните и се повеќе пари завршуваат во нивните семејни буџети.
СДСМ останува посветен да ги исполнува дадените ветувања и да обезбеди подобар живот за сите граѓани.