Хонг Конг може да се соочи со рецесија по неколкумесечните насилни протести, но тоа не спречи локален претприемач да плати скоро 1 милион долари за паркинг простор.
Огромната сума што ја издвои Џони Чеунг Шун е показател за зголемената нееднаквост што придонесе за незадоволството на оние кои пет месеци протестираат во овој финансиски центар, во која едно од пет лица е сиромашно.
Сумата од 970.000 американски долари е повеќе од 30 пати поголема од просечната годишна плата на жителите на Хонг Конг и е приближно еднаква на цената на еднособен стан во лондонската елитна населба Челси.
Паркинг просторот се наоѓа кај петтиот највисок облакодер во Хонг Конг. Овој облакодер -The Center- веќе стана познат во медиумите во октомври 2017 година кога стана најскапа канцелариска зграда во светот – најбогатиот човек во Хонг Конг го продаде за повеќе од 5 милијарди долари.