Првиот пик од НБА-драфтот падна на допинг тест

Диандре Ејтон, првиот пик од НБА-драфтот во 2018 година е казнет со 25 натпревари неиграње поради позитивен тест на диуретик. Центарот на Феникс Санс го одигра првиот натпревар против Сакраменто, а наредниот ќе може да го игра дури на крајот од декември.

Ејтон беше позитивен на диуретик кој се користи за брзо симнување на килограми или исфрлање на други супстанци од организмот, најчесто анаболички стероиди. Талентираниот кошаркар имаше забележителен настап на премиерниот натпревар во НБА-лигата, постигнувајќи 18 поени, 11 скокови и четири блокади против Сакраменто.

-Сакам да им се извинам на моето семејство, на клубот, соиграчите, навивачите. Ова беше ненамерна грешка. За жал сум земал нешто за што не сум бил ни свесен што е. Сега разбирам и жалам што разочарав многу луѓе – соопшти Ејтон.

 

 

Треба да знаете
Последни објави