Денеска секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски во просториите на Општината го означи почетокот на „Шаховската лига – Кисела Вода”.
На почетокот од натпреварувањата секретарот Алексовски ги поздрави шахистите, им посака успех и им нагласи дека во иднина турнирот ќе се надоградува. Алексовски додаде дека оваа година покрај екипите, награди ќе добијат и поединците, учесници на турнирот.
Натпреварувачите од сите месни и урбани заедници во општината играат шах по Бергеров систем.
Резултатите од првото и второто одиграно коло се следните:
Прво коло
Населба Драчево – Вембли 1,5:2,5
Црниче – Пржино 1,5:2,5
11 Октомври-згради – Пинтија 4:0
Село Драчево – Цветан Димов 4:0
11 Октомври-бараки – Бирарија 0:4
Второ коло
Цветан Димов – 11 Октомври – бараки 0:3
Пинтија – Цветан Димов 4:0
Пржино – 11 Октомври-згради 4:0
Вембли – Црниче 3:1
Општина Кисела Вода – населба Драчево 1:3
Шаховските натпреварувања во Кисела Вода се возобновени на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски.