Основниот кривичен суд Скопје, по повод Европскиот ден на правдата, 25 Октомври, денеска организира Отворен ден на судот, на кој присуствуваа студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Студентите имаа можност да се запознаат со начинот на работа на судот преку судските писари, судските оддели и одделенија, да ги посетат судниците каде што им беше презентирана техничката опрема за аудиовизуелно снимање на расправите и да присуствуваат на судење од одделението за организиран криминал и корупција.
Воедно, студентите остварија средба со судијата Александра Ристеска, на која разговараа за текот на една кривична постапка и предвизиците со кои се соочува судот за време на главната расправа, како и средба со новинарот Васко Маглешов во однос на значењето на транспаретноста на судиите и обвинителите и јавноста во судските постапки.
Основниот кривичен суд Скопје ја искористи оваа пригода да ги повика студентите од правните факултети во земјата со цел дополнителана практична настава да присуствуваат на јавните судења, да ја искористат можноста за волонтриање и стажирање во нашиот суд, кој останува отворен за соработка во правец на заложбите за поголема транспарентност и отчетност пред јавноста.