Филипини го укинуваат мораториумот за користење морски ресурси

Филипини ќе го укинат мораториумот донесен во 2018 година за странски научни истражувања во својата ексклузивна економска зона за да можат да се користат поморските ресурси, изјави денеска советникот за национална безбедност Ермогенис Есперон.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ги забрани сите научни истражувања од странци на брегот на Филипинскиот Пацифик во февруари минатата година и и порача на морнарицата да ги растера непожелните бродови.

Есперон потенцираше дека овозможувањето на странски влади и ентитети повторно да изведуваат поморски истражување е добро за Филипини поради подобро запознавање со морскиот домен.

Треба да знаете
Последни објави