Лидерот на малцинството во американскиот Сенат, демократот Чак Шумер предложи програма од 462 милијарди долари, со кои милиони Американци би се поттикнале во текот на следната деценија да се откажат од возила со бензински мотор, чии издувни гасови се штетни за климата, и да преминат на возила на електричен или хибриден погон.
Со тој предлог, Шумер се придружи на серијата идеи за програми вредни милијарди долари наменети за намалување на загадувањето од нафта, гас и јаглен, со кои демократите бараат итно справување со климатските промени.
Шумер истакна дека „предлогот чисти автомобили да се донесат во цела Америка” ќе биде клучен дел од идниот закон на демократите за климата, дополнувајќи дека со државното финансирање на воведување електрични автомобили „САД би го предводеле светот”.