Поранешниот фудбалер на Вардар, Цементарница, Македонија ЃП, Влатко Андоновски – Шате (43 г.) идната недела ќе биде промовиран во селекторската фотелја на женската репрезентација на САД. Македонецот ќе ја наследи Џил Елис, под чие водство САД ги освои последните две Светски првенства. Според „Њујорк Тајмс“, ова е изборот на луѓето од федерацијата на САД кои беа во потрага по нов кормилар.
Андоновски во моментов е тренер на американскиот прволигаш Рајн од Такома, Вашингтон. Дебито на селекторската клупа Андоновски би требало да го има на пријателските натпреаври со Шведска на 7 ноемеври и три дена подоцна против Костарика.
Македонскиот фудбалски тренер Андоновски во САД живее и се занимава со најважната работа две децении. Најпрво како фудбалер, потоа како футсал играч и на крајот како тренер, пред се на женски екипи.