Поранешниот светски рекет број три, Стен Вавринка (Швајцарија) се квалификуваше во четвртфиналето на турнирот кој го игра на домашен терен во Базел и е со награден фонд од 2,08 милиони евра.
Седмиот во шемата, Вавринка оствари триумф над Френсис Тиафу (САД) со 6:3, 3:6, 7:5 по два и пол часа. 34-годишниот Швајцарец дојде до успех со клучен брејк во последниот гејм од третиот сет, но подоцна објави дека тој во тоа време добил болки во грбот и нема да може да се соочи со неговиот сонародник и деветкратен победник во турнирот, Роџер Федерер.
Бр.1, Федерер се квалификува во полуфиналето без натпревар, каде го очекува победникот од мечот помеѓу третиот во шемата Стефанос Циципас (Грција) и Филип Краиновиќ (Србија).
Циципас стигна до четвртфиналето по тешкиот успех над Ричардас Беранкис (Литванија) со 6:7 (4), 6:2, 6:4, а Крајновиќ го елиминираше број 5, Фабио Фоњини (Италија) со јасни 6:2, 6:4.