Војник смртно застрела осум лица и рани двајца други во руска воена база во Сибир, соопшти денеска руската војска. Убиените и повредените, исто така, се војници.
Војникот претрпел „нервен слом поради лични околности кои не се поврзани со воената служба”, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Војската соопшти дека напаѓачот е приведен.
Инцидентот се случи во југоисточниот регион Забајкалски, кој граничи со Кина и Монголија.