Британската полиција соопшти дека уапсила уште едно, четврто лице, во врска со смртта на 39 лица пронајдени во камион во југоисточна Англија.
Заменичката на шефот на полицијата на Есекс, Пипа Милс, вели дека на аеродром денеска бил уапсен 48-годишен маж од Северна Ирска поради сомнеж во заговор за трговија со луѓе и убиство, пренесе АП.
Покрај тоа, 25-годишниот возач на камионот, исто така од Северна Ирска, останува во притвор, а уапсени се и маж и жена од североисточна Англија.
Полицијата претходно рече дека сите жртви веројатно се кинески државјани, но се појавија извештаи дека некои од нив можеби се од Виетнам.