Премиерот на Македонија, Зоран Заев, денеска се огради од пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, за неговите ставови искажани на ТВ 24, против францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние. Заев порача дека тоа не се ставови на СДСМ и дека наместо да се критикува амбасадорот на Франција, премиерот рече дека Македонина треба да ги јакне односите со оваа земја членка.
-Испраќам порака на критики кон сите кои имаат критички или навредлив настап кон првиот претставник на Република Франција, амбасадорот Тимоние. Тој работи како искрен пријател на нашата земја да ги укаже сите детали. Понекогаш не им е лесно на амбасадорите – рече Заев.
Тој додаде дека нападите кон Тимоние не се правилен пристап и дека Франција треба да се убедува да ја промени својата одлука.
-Франција јасно ни кажа дека не е до нас, туку е до нив. Сакам да испратам порака, да се оградам од Мухамед Зекири кој го споменавте, тој е парламентарец и член на високото раководство на СДСМ. Неговиот став дефинитивно не е став на СДСМ – посочи Заев.