Македонската шаховска репрезентација на стартот од Европското првенство во Грузија ремизираше со Германија (2:2) Во 1. коло македонските шахисти обезбедија една победа и две реми, додека загубија на третата табла.
Победата ја постигна Никола Николовски на четвртата табла победувајќи го Расмус Сване, додека реми извлекоа на првите две табли Кирил Георгиев и Трајко Недев. Поразен на третата табла беше Филип Панчевски во дуелот со Маер.
Денеска мажите во рамките на 2. коло во Батуми за противник ја имаат селекцијата на Израел.
Во женска конкуренција, македонскиот состав во 1. коло загуби од селекцијата на Србија со 3,5:0,5. Денеска во 2. коло Македонија се среќаваме со Словенија.