Разговараме со многу политички партии и ако најдеме заеднички интерес, којшто ќе биде и во интерес на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ би можело да потпише предизборна коалиција со некоја политичка партија, рече лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Разговараме и ќе продолжат разговорите со политичките партии, ако имаме сврзна точка, доколку најдеме заеднички интерес којшто ќе конвинира со интересот на граѓаните на Македонија, не гледам никаква пречка да потпишеме договор и пред изборна коалиција, но и да оставиме простор понатаму да ги донивелираме ставовите“, рече Мицкоски.
Мицкоски не беше дециден за тоа дали би коалицирале со ДУИ, но вели дека и со оваа партија комуницираат.