Претседателот на Боливија, Ево Моралес, го освои првиот круг од претседателските избори со 47,07 отсто гласови, додека поранешниот претседател Карлос Меса доби 36,51 процент од гласовите, покажуваат конечните резултати од изборниот комитет во Боливија.
Тоа значи дека Моралес го избегна соочувањето со Меса во втор круг на избори, објаснува агенцијата „Ројтерс“.
Сепак, се појавија тврдења дека изборите биле лажирани бидејќи пребројувањето на гласовите било стопирано за 24 часа, додава Би-би-си.
Меса бараше втор круг избори и доби поддршка од САД, Бразил, Аргентина и Колумбија, а Моралес ги обвини ривалите за организирање државен удар