Тринаесетото издание на Недела на јапонски филм во Кинотеката на Северна Македонија ќе почне на 29 октомври во 20 часот. Оваа година филмската недела првпат ќе патува и до Центарот за култура – Битола.
Настанот во Скопје ќе го отвори јапонската амбасадорка Кеико Ханеда, а селекцијата на четирите играни и анимирани филмови од сите жанрови е за сите возрасти.
Во вторник, 29 октомври, во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Гласот на учителот“, во среда „Ошин“, во четврток „Рудолф црниот мачор“, во петок „Самурај мачка”. Проекциите ќе почнат во 20 часот.
Во Центарот за култура – Битола во вторник на 5 ноември, со почеток во 20 часот, ќе биде прикажан „Гласот на учителот“ и од 22 часот „Ошин“, во среда (06.11.) со почеток во 18 часот ќе биде прикажан „Рудолф црниот мачор“, а од 20 часот „Самурај мачка”.
Влезот е слободен, но местата се ограничени. Резервации можат да се направат на билетарите од понеделник до петок на 02 3065 968 за Скопје и 047 520 151 за Битола.