Работнички доби вкупна казна од 38.400 денари

Надлежните во кошаркарската федерација на Македонија, му изрекоа вкупна парична казна на  Работнички во висина од 38.400 денари. Паричната казна за тимот од Градскиот Парк доаѓа по опомената која КФСМ му ја испрати во првото коло.

Работнички е казнет со 24.000 денари поради фрлање на предмети, потоа 3.000 денари за недоволно осветлена сала, 8.000 денари за навредување  кон гостите за време на натпреварот со Гостивар, 2.400 денари за несоодветни услови во соблекувалните и 1.000 денари за недостаток на помошни уреди.

МЗТ Скопје Аеродром ќе треба да плати 4.000 денари за неправилно обележани дресови, а истата казна ја доби и Кожув за истиот недостаток на дресовите.

Вардар поради немање лице за бришење на подот ќе плати 800 денари. Со опомена помина Еуроникел.

Треба да знаете
Последни објави