Руски фудбалер починал во ќелија неколку часа откако бил притворен поради возење под дејство на алкохол

Рускиот фудбалер Иван Вашивков, член на клуб Прогрес, починал во затворска ќелија неколку часови откако бил уапсен поради возење во пијана состојба. Причините за смрта на фудбалерот засега е со различни верзии.

Според полицијата која го привела и го задржала во полициската станица во Калининград, тој бил  многу агресивен. Во ќелијата откорнал еден радијатор, поради што се здобил со изгореници од врелата вода. Според нив тоа било фатално за неговиот живот…

Неговата мајка Олга Вашивкова не верува во оваа верзија. Таа тврди дека синот и починал како резултат на полициска бруталност. Лекарите констатирале дека ушите му биле модри што го толкуваат како последица од удари во тој предел од главата.

-Докторот ни рече дека во својата 20 годишна работа првпат слуша некој да почине од изгореници од топла вода. Да се добијат вакви изгореници телото мора подолго време да биде изложено на зовриена вода. Не може да се испече толку со допир до топла вода на неколку секунди, вели Олга мајката на починатиот фудбалер, која смета дека нејзиниот син бил малтретиран со врела вода, а уште еден доказ за тоа биле и чевлите на Иван кои биле суви.

Камерите од полицијата прикажуваат некои од последните моменти во животот на фудбалерот,  како тој почнува да се тепа со друг затвореник, по што полицајците го преместуваат во друга ќелија каде продолжува да се однесува агресивно и да удира по вратата и по креветот, по ѕидот…

 

Треба да знаете
Последни објави