Судот во Загреб ја осуди Северина за семејно насилство, наведувајќи дека е осудена зашто му испраќала закани и психички го малтретирала српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, со кого го има синот Александар.
„Северина е обвинета за семејно насилство поради испраќање заканувачки пораки на е-пошта на Милан, во кои го споредува со Адолф Хитлер и во кои вели дека Хитлер барем некој го сакал. Таа во пораките пишува дека ќе му ги искрши коските, а дека таквите како него го силуваат во затвор“, рекол извор близок до бизнисменот за медиумите.
Судењето се одржа пред два дена во општинскиот прекршочен суд во Загреб, а откако судот ја осуди Северина за психичко насилство, таа сега ќе треба да ги плати трошоците за прекршочната постапка во висина од 3.000 куни, односно околу 380 евра. А ако не плати во рок од 30 дена, трошоците ќе бидат присилно наплатени.
За потсетување, Северина неодамна ги обвини учителките на нејзиниот син дека го заклучиле и физички го злоупотребувале, а дека за тоа е виновен Милан Поповиќ, кој е донатор на училиштето и близок пријател на градоначалникот на Загреб, објави РЕПОРТЕР