За проекти во регионите и општините во целата држава лани биле одвоени седум милиони евра. Ова го истакна заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, кој денеска изврши во активностите за изградба на минор-корито на Крива река и изградба на канализација во селото Конопница денеска изврши заменик министерот за локална самоуправа Дејан павлески, кој беше во работна посета на Крива Паланка.
Заменик министерот Павлески информира дека овие проекти се финансирани преку Програмата за рамномерен регионален развој.
– Тоа се проекти за изведба на регулација на минор-коритото и хортикултурно уредување на дел од Крива Река, финансираме изградба на канализација во село Конопница и проектна документација за изградба на патен правец Крива Паланка – Калин Камен, преку селата Варовиште, Коашри и Бс. Трите проекти се со вкупна вредност од околу 170.000 евра, а ние како Министерство ги зголемуваме од година во година средствата наменети за поддршка на регионите и општините, минатата година беа издвоени седум милиони евра. Се надевам дека со новиот буџет следната година оваа сума ќе биде над осум милиони евра, а ние правиме се и преку буџетски средства и со прекугранична соработка се што може да помогнеме, да се финаисира, а таква можност има Крива Паланка, досега со Бугарија и Косово, од неодамна и со Србија, изјави Павлески.
Проектот за регулација на минор-коритото е во вреднос од 7.200.000 денари, проектот за изградба на канализација во Конопница со учество на општината е 4,5 милиони денари, додека проектната документација за патниот правец кон Калин Камен околу милион денари.
Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски рече дека како локална самоуправа имаат позитивно искуство со проекти што се менаџираат од ова Министерството, пред се проектите од прекугранична соработка и со Бугарија и Косово, од ИПА-програма, сега и со Србија.
Во претстојниот период се очекува да биде реализиран и проект за дорегулација на минор коритото на Крива Река од т.н Шанин мост до населба Бегови бавчи.