Скопско „Клио“ удрило во ѕид и се превртело на излез од Прилеп
Вечерва околу 20 часот на улицата „Александар Македонски“ на излезот од Прилеп кон Скопје се случи нова сообраќајна несреќа во која за среќа нема жртви. Според првичните и неофицијални информации кои ги добивме од очевидци на настанот, возило марка Рено Клио со скопски регистарски таблици удрило во бетонскиот ѕид и се превртело на кров. За да го извадат возачот, кој бил сам во возилото, мораше да интервенира и екипата на ТППЕ Прилеп, пишува порталот INFOKOMPAS.mk
Возачот првично немал тешки повреди. Несреќата се случила на истото место како онаа вчера. Истрагата допрва треба да покажи како дошло до несреќата.
Жителите од овој дел на градот до нас испратија и фотографии од несреќата и апелираат надлежните да превземат нешто затоа што за само 2 дена ова е трета сообраќајка која се случува во овој дел на Прилеп. Поради несовесните возачи тие како пешаци се плашат за својот живот.