Уште две лица уапсени за камионот во кој беа пронајдени 39 тела. Станува збор за маж и жена на возраст од 38 години, кои се уапсени во врска со смртта на 39 лица, според полицијата на Есекс.
Тие беа уапсени во Ворингтон во северна Англија под сомнение за трговија со луѓе и убиство, соопштија надлежните.
25-годишниот возач на камион во Северна Ирска останува во притвор под сомнение за убиство, додаде полицијата. 39 кинески мигранти беа пронајдени мртви во приколката ладилник на камион во Англија, што е еден од најтрагичните случаи на трговија со луѓе во оваа земја.
Во камионот, управуван од Мо Робинсон, 25-годишник од Северна Ирска, имало трупови од 38 возрасни лица и еден тинејџер, сите од кинеска националност, кои тргнале по подобар живот во Велика Британија.