Јапонскиот министер за трговија Исиу Сугавара поднесе оставка по еден месец на функцијата, бидејќи е откриено дека давал пари на своите приврзаници на изборите. Јапонскиот премиер Шинзо Абе за министер за трговија го именува Хирошија Каџијаму, поранешен министер за регулаторни реформи. Абе рече дека Сугавара поднел оставка затоа што не сака неговиот скандал да пречи во работата на Парламентот каде неодамна беше сослушан откако еден весник објави дека им дал пари на своите приврзаници во неговата изборна единица.
Иако ваквите плаќања се сметаат за донации, тие се во спротивност со јапонскиот закон.