ВМРО-ДПМНЕ: Во државава единствено нешто што е стабилно се бизнисите на Заеви

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

СДСМ на чело со Зоран Заев продолжува да ги ограбува граѓаните на Македонија.

Падот за седум места од Извештајот на Светска банка го докажува неспособното водење на државата од страна на владата и го потврдува фактот дека единствен прав пат кој оваа влада го воспоставува откако е на власт се бизнис интересите на Зоран Заев.

Владата е далеку од градење од планот за воспоставување на добра бизнис клима во Македонија, бројни статистики во секоја област говорат дека реалноста е јасна, не се подобруваат на никаков начин состојбите во економијата, напротив економијата оди надолу, падови покажуваат сите индикатори, унапредување на институциите нема, а Македонија е на работ на должничка криза поради неспособноста на владата на Заев. Арамиската влада на СДСМ го искастри буџетот на државата во невидени размери, не реализирани останаа 50 милиони евра за капитални инвестиции  кои владата не знае како да ги потроши.

Влошените услови за водење на бизнис и катастрофалните економски политики на владата ја враќаат државата назад исто како во времето на транзицијата. Народот трпи и гладува, бизнисите уназадуваат, а СДСМ  наместо да го признае поразот и да се соочи со вистината, а не да ги игнорира негативните извештаи и статистики што само покажуваат  колку СДСМ е несериозна и неспособна за водење на држава.

Единствено нешто што блеска е уназадувањето во секоја област, СДСМ само продолжува да ги лаже граѓаните како што тоа го прави пред секое избори, ветувања кои повторно не можат да бидат остварени и мерки кои не обезбедуваат никаков економски раст.

Граѓаните немаат повеќе пари, напротив се повеќе се осиромашени од на сметка на богатењето на функционерите од власта. Во државава единствено нешто што е стабилно се бизнисите на Заев и неговата фамилија.

Треба да знаете
Последни објави