Киелини: Дибала има потенцијал да стане легенда на Јувентус

Пауло Дибала има потенцијал да стане легенда на Јувентус, изјави капитенот на „бјанконерите” Џорџо Киелини.

Дибала беше близу да се раздели со Јуве во текот на летото, но избра да остане во Торино и да настапи силно уште од почетокот на сезоната со три гола и три асистенции.

– Пауло е златно момче кое продолжува да расте. Многумина ја дефинираа минатата сезона како слаба за Дибала, но тоа зависи од гледната точка. Кога Дибала игра како централен напаѓач, тој постигнува 20 гола, кога е играч од средниот ред – тој постигнува 5 гола и нема ништо лошо во тоа. Тој е главен играч во тимот. Јас не би бил изненаден ако Дибала ги постигне успесите на легенди на Јувентус како Трезеге, Каморанези и Недвед, ​​изјави Киелини за „Газета дело Спорт”.

Треба да знаете
Последни објави