Клиперси убедливи и против Вориорси

Шампионот Голден Стејт ја започна новата сезона во НБА со тежок пораз на домашен терен кај Лос Анџелес Клиперс со 122:141. Гостите го презедоа водството на почетокот на натпреварот и продолжија да доминираат до крајот за да го забележат својот втор успех во кампањата.

Лу Вилијамс заврши со 22 поени и 8 асистенции, а Каваи Леонард придонесе со 21 поен и 9 асистенции за успехот.

Стеф Кари беше најпрецизен кај шампионите со 23 поени, додека Д’Анџело Расел додаде 20 поени и 8 асистенции, но тоа не беше доволно.

Јанис Адетокумбо со трип-дабл учинок го предводеше Милвоки во победа над Хјустон од 117-111. Иако Рокетс беа подобри во три четвртини од натпреварот, сепак со фуриозна завршница Милвоки успеа да стигне до победа на мечот. Грчкиот кошаркар дуелот го заврши со трипл-дабл учинок од 30 поени, 13 скока и 11 асистенции. Кај Хјустон Весбрук постигна 24, додека Харден натпреварот го заврши со само 19.

Резултати од НБА:

Детроит – Атланта – 100: 117
Хјустон – Милвоки – 111: 117
Голден Стејт – ЛА Клиперс – 122: 141

Треба да знаете
Последни објави