Македонските ракометари во комплетен состав канат на тестовите со Грузија

Македонската  машка ракометна репрезентација по враќањето од Турција каде одигра два контрони меча со соодветната домашна селекција и со Италија, во рамките на ЕХФ неделата, во Скопје се комплетираше со искусните ракометари за новиот двомеч-тест со Грузија. Избраниците на селекторот Данило Брестовац за вечерашниот прв дуел со Грузија од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“  и в сабота со истиот ривал на истото место, љубителите на ракометото ќе можат да ги проследат бесплатно.

Подмладениот македонски состав од Турција се врати со победа и реми, а сега засилен со искусните интеранционални соиграчи ќе делува уште посигурно. Селекторот Брестовац има на располагање 22 ракометари, меѓу кои и еден нов дополнително повикан ракометар од Пролет – Михаил Аларов.

– Одигравме борбено, дисцилирано и сите имаа желба да се наметнат на мечевите во Турција. По  тестовите со Грузија ќе имам комплетна слика со што располагам, и на што треба понатаму да ставиме акцент во работата. Ќе направам анализа на сите одиграни натпревари. На 21 декември ќе имам поширок избор на репрезентативци со кои ќе одиме на „Трофеј Карпати“. Тоа ќе биде последниот филтер пред Европското првенство, вели Брестовац.

Селекторот е свесен дека играчите мора да бидат подготвени за настап на турнирско натпреварување каде за кратко време ќе треба да одиграат повеќе натпревари.

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави