Нов вид инсект го носи името на младата климатска активистка Грета Тунберг.
Станува збор за Nelloptodes gretae, инсект долг само 1 милиметар. Нема крилја, ниту очи, но има две долги антени, пишува Би-би-си.
Инсектот е именуван од страна на д-р Мајкл Дарби, импресиониран од кампањата за животна средина што ја почна Грета Тунберг.
Инсектот првпат го пронашол Вилијам Блок во Кенија во 60-тите и донирал примероци во музеј во Лондон во 1978 година. Дарби ја проучувал колекцијата на музејот и наишол на сè уште неименуваниот инсект.