Претседателот, Стево Пендаровски, утре, сабота, ќе престојува во официјална посета на Република Албанија.
Во Тирана, Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Албанија, Илир Мета, а ќе се сретне и со премиерот, Еди Рама, и со претседателот на Собранието, Грамоз Ручи, најавија од Кабинетот на Пендаровски.
Во рамки на официјалната посета на Албанија, Пендаровски во Тирана ќе учествува и ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната Федерација за мир.