Принцот Чарлс ги повика корпорациите да помогнат во спасувањето на Земјата

Британскиот принц Чарлс денеска ги повика големите корпорации да помогнат да се спаси планетата со уфрлување „билиони фунти” во проекти што ја штитат животната средина и ја промовираат одржливата економија.

Принцот Чарлс инсистираше на тоа да бидат одржливи, но профитабилни инвестиции, како што рече, клучни во борбата против климатските промени и заштитата на биодиверзитетот.

За време на посетата на Токио поради устоличувањето на царот Нарухито, британскиот престолонаследник предупреди дека борбата сега е „покритична од кога и да е”.

За лондонски „Ивнинг стандард” рече дека глобалните пазари на капитал мора да играат клучна улога за да се спречи штетата што им се предизвикува на океаните, атмосферата и планетата земја.

Тој повика на зголемување на притисокот врз финансиските институции да ги намалат инвестициите во секторите на нафта и гас.

Треба да знаете
Последни објави