Седум цивили загинаа при ракетен напад во Идлиб

При ракетен напад на сириските сили врз еден пазар во провинцијата Идлиб загинаа седум цивили, соопшти Сириската опсерваторија за човековите права.

Подрачјето каде се случи нападот е под контрола на џихадистичката група Хајат Тахрир ал Шам, поранешен сириски огранок на Ал Каеда. Таму се присутни и други помали бунтовнички групи.

Во Идлиб пред војната живееја околу три милиони жители, а од април до август во воздушните напади на сириските сили настрадаа околу 1.000 цивили, а речиси 400.000 се раселени од оваа сириска провинција.

Примирјето во Идлиб стапи во сила кон крајот на август, но оттогаш повремено се извршуваат воздушни напади.

Над 370.000 луѓе загинаа од почетокот на војната во Сирија. Конфликтот почна со репресија врз протестите на опозицијата во март 2011 година, а со текот на годините стана посложен со учеството на странски земји и разни џихадистички групи.

Треба да знаете
Последни објави