Во обид повторно да ја придобие својата поранешна девојка, тинејџер од Германија провалил во затвор.
Според надлежните во затворот, 18-годишникот го искачил ѕидот во висина од четири метри за да дојде до прозорецот на својата поранешна девојка, јави АП.
Младото момче стигнало до прозорецот од ќелијата и одбивало да слезе, па биле повикани пожарникари, кои со скалила го спуштиле долу. Тој се товари за недозволен пристап и контакт со затвореник.
Не е јасно дали успеал да се смири со девојката, која исто има 18 години и му раскинала преку телефонски повик.