Меѓународната асоцијација на новинари кои го следат скијањето, ја изгласаа Микаела Шифрин за скијач на годината.
Американката и во 2017 година го освои ова признание. Шифрин која во минатата сезона победи на дури 17 трки од Светскиот куп, а освои и златен медал во две дисциплини на Светското првенство.
Единствен ривал на Шифрин за златната статуетка беше Марсел Хиршер, кој беше најуспешен кај мажите, и ја освои осмата титула во СК.
„Изненадена сум што победив јас, а не Марсел, кој ја заврши кариерата на неверојатен начин. Јас би гласала за него” – рече Шифрин која викендов во австриски Зелден ја почнува одбраната на титулата.