Полицијата во Филаделфија неодамна објави дека 27-годишен маж преживеал најмалку 15 куршуми и дошол во болница за да побара помош.Веста беше објавена од каналот 6ABC, а полицијата соопшти дека на настанот му претходело пукање околу половина час по полноќ.
Кога полицијата пристигнала на местото на престрелката, биле пронајдени 23 чаури. Набргу потоа, добиле повик дека маж со голем број рани од огнено оружје дошол во болницата „Темпл“.
„Тоа беа куршуми со голем калибар“, изјави главниот инспектор во полицијата во Филаделфија, Скот Смол. Ранетиот бил опериран рано во петокот и бил во критична состојба.
Сепак, Смол објави дека се очекува да преживее.
„Фактот дека тој бил погоден толку многу пати и сам одел до болницата… тоа е прилично неверојатно“, додаде инспекторот.
Инспекторите засега немаат индиции за мотивот за пукањето, но пронашле неколку надзорни камери во близина и се надеваат дека снимките ќе дадат повеќе информации за сторителот или сторителите, пренесе 6ABC