За два дена во протестите во Ирак загинаа 63 лица

Најмалку 63 лица загинаа во Ирак во последните 48 часа за време на протестите против властите кои се одржуваат во Багдад и на југот од земјата, соопшти вечерва владината Комисија за човекови права.

Најмногу жртви има во јужните провинции каде демонстрантите извршија рација и ги запалија локалните седишта на политичките партии.

Протестите започнаа на 1. октомври поради корупција, невработеност и недостаток на основни услуги, но брзо беа забележани жртви бидејќи безбедносните сили користат вистинска муниција за да ги разбијат насилните демонстранти.

Треба да знаете
Последни објави