Фудбалерот од средниот ред на Челси, Кристијан Пулишич, постигна три гола во вечерашниот триумф на „сините” на гостувањето кај Барнли.
Пулишич стана вториот Американец на кого му успеал да оствари хет-трик на еден натпревар во историјата на првенството на Англија.
Првиот американски фудбале кој три пати на еден ист натпревар ја погодил противничката мрежа беше екс-играчот на Фулам, Клинт Демпси, кој направи хет-трик на средбата со Њукасл (5:2) на 21 јануари 2012 година.