Во тетовската полиција вчера е пријавено дека 42-годишник од Мала Речица се оддачил од дома и не се вратил, а имал здравствени проблеми. Исчезнувањето го пријавил З.Р. (73), татко на 42-годишникот. Според пријавеното, како што информира СВР Тетово, пријавениот и претходно повеќе пати го напуштал домот и бил враќан. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.