Јовановски: Градскиот стадион, затворениот базен и детската градинка во Прилеп ги реализира СДСМ, на прав пат сме  

Заробена и задолжена општина беше состојбата во  која ја затекнав општина Прилеп, со моето доаѓање на функција како градоначалник – истакна Илија Јовановски, градоначалникот на Прилеп на граѓанската трибината „На Прав Пат” во организација на  СДСМ.
12 години ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Марјан Ристески им продаваа на граѓаните лажен патриотизам и популизам. Но, граѓаните ги препознаа лагите и затоа им рекоа „не” на ВМРО-ДПМНЕ. –истакна Јованоски.
Тој потенцираше дека 12 години, проекти биле само ветувани, а ништо не се сработило. Како лажното ветување дека Прилеп ќе биде европски град, а при тоа не бил направен ниту еден детален урбанистички план,а сега само последнава година направени се  4 урбанистички планови и во моментов се работи на планови за 30 села во оваа општина.-истакна Јовановски.
За 12 години немаше ниту еден капитален проект, а во мојата предизборна програма имаше 12 проекти и сите ќе бидат направени за мандатот од 4 години.-истакна Јовановски .
Единствен капитален проект кој го започна минатата локална власт е училиштето кое што е позиционирано  на место без пристапен пат, без одвод и довод на вода, без потребната инфраструктура ,на ливада, целосно несоодветно за училиште.-посочи Јовановски.
Тој додаде дека за цел еден мандат Марјан Ристески асфалтирал само 8 километри улици, а локалната власт од СДСМ за само две години асфалтираше  24 километри улици во градот, а до крајот на оваа градежна сезона ќе се довршат уште 20 улици.
Шест години минатата власт го правеше градскиот стадион, два пати сечеа ленти  и не го направија. Една година потрошивме на средување на проектната документација и поправање на гршките во статика во самиот проект.До крајот на оваа градежна сезона стадионот ќе биде пуштен во употреба.-потенцираше Јовановски. Како дел од проектите на кои работеше и сеуште работи локалната власт во Прилеп, градоначалникот Јовановски ги истакна  дневниот центар за детска парализа, новите автобуси на метан,новиот мост на градската река широк 20 метри со 4 ленти, комплетно преуреден просторот на Марковите кули,а готов е и проектот за езерото околу кое комплетно е уредено со мултикултурни содржини кое ќе се гради следната година. Општина Прилеп неуморно работи и на уште големи проекти планирани за периодот кој следува, како булеварот  од вредност од 1 милион евра, реновирање на градската чаршија, затворен базен и детска градинка и  театарот во Прилеп.
За разлика од порано, оваа власт предводена од СДСМ  стои на зборот и го  исполнува ветеното.  Прилеп е на прав пат, државата ни е на прав пат!

 

Треба да знаете
Последни објави