Загина беровчанец кога трактор се преврте и удри во дрво

Вчера околу 17.20 часот на излез од с.Двориште, Беровско, С.Г.(47) од с.Двориште, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел, по што удрил во дрво. Во незгодата, на местото починал З.Ч.(50) од с.Двориште, додека В.Г.(46) од с.Двориште се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клинички центар Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Берово.

Треба да знаете
Последни објави